Овој посен колач без капка масло е погоден за пост на вода. Иако нема масло, колачот е вкусен и сочен, мек и мирисен. Треба да го пробате.
Потребни состојки:
3 банани
2 јаболка
4-5 лажици суво грозје, натопени претходно во вода
1 портокал – ситно рендана кора и сок
10 лажици мелени овесни снегулки
10 лажици бело брашно
1 ванилин шеќер
1 прашок за печиво
1 лажичка сода бикарбона
малку цимет (по вкус)
1 лажичка оцет (јаболкова, винска киселина)
2-3 лажици какако
350 мл вода
4-5 лажици шеќер
2-3 лажици гриз
шеќер во прав за наросување
Постапка:
Во еден сад измешајте ги сувите состојки: 10 лажици мелени овесни снегулки (или овесно брашно), 10 лажици бело брашно, прстофат цимет (по вкус), 1 прашок за печиво, 1 ванилин шеќер и 3 лажици гриз.
Може да додадете и 4-5 лажици мелени ореви (во колачот нема).
Потоа соединете ги влажните состојки: Испасирајте 3 големи банани, суво грозје претходно натопено во вода и исцедено, една лажичка оцет, две големи јаболка изрендани и рендана кора од еден портокал.
Состојките измешајте ги со лажица да се соединат.
Потоа постепено влажните состојки додадете ги во сувите, убаво промешајте и на крај додадете четири лажици шеќер.
Мешајте и постепено додавајте вода, во зависност од влажноста на бананите и јаболката. На крај додајте какао во прав и промешајте да се изедначи смесата.
Помала тепсија обложете ја со хартија за печење, па излејте ја во неа смесата и израмнете. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 25-30 минути.
Печениот колач извадете го од рерна и додека е топол рамномерно полијте го со исцеден сок од еден портокал.
Оставете колачот да излади, па сечете го на коцки и наросете го со шеќер во прав. Секоја коцка можете да ја декорирате со парче мандарина или портокал.
Сите детали околу подготовката можете да ги погледнете во видеото: