Неколку спроведени истражувања откриваат дека децата кои растат покрај баби и дедовци се посреќни, попаметни и пообразувани. Главните истражувањата се спроведени на Бостонскиот и Оксфордскиот универзитет.
Љубовта, грижата и поддршката од бабите и дедовците имаат благопријатно влијание врз внуците. За тоа сведочат бројни научни истражувања.
1.Се намалува ризикот од депресија
Емоционалната блискост на бабите и дедовците со нивните внуци го намалува ризикот од депресија кај децата. Во студијата објавена во списанието “Геронтолог”, учествувале 356 внуци и 374 баби и дедовци.
Кога научниците од Бостонскиот колеџ ги инализирале податоците собрани во период од 19 години, се покажало дека опасноста од депресија се намалува и кај старите и кај младите генерации.
2.Се зголемува чувството за стабилност и сигурност
Бабите и дедовците на своите внуци им влеваат чувство на стабилност и емотивна сигурност. А во трауматични ситуации или во текот на семејни кавги, бабата и дедото честопати им се поддршка на внуците.
Истражувањето од Оксфордскиот Универзитет покажало дека блиската поврзаност меѓу внуците и постарите генерации им помага на децата да се носат со трауматичните настани во животот, како што се малтретирање во школо или развод на родителите.
Истражувањето кое го водела професорката Ен Бјукенен опфатило повеќе од 1500 деца и покажало дека и тие кои биле во блиски односи со своите баби и дедовци имаат помалку емотивни потешкотии и проблеми во однесувањето. Покрај тоа, таквите деца имале поразвиено чувство за самосвесност, со што полесно ги надминувале потешкотиите.
3.На родителите им е олеснета задачата
Родителите понекогаш немаат доволно време за да си играат и да разговараат со своите деца. Бабите и дедовците честопати се случува да ги заменуваат родителите, особено кога станува збор за играта и забавата. Покрај тоа, тие поретко ги караат децата, па така тие послободно им се отвораат и им ги откриваат своите тајни.
Сето ова ја подобрува општата емотивна атмосфера во семејството, бидејќи и родителите се спокојни, знаејќи дека децата се добро и додека тие не се нивна близина.