Home Рецепти Редена руска салата со јајца, варен ориз, туна, ситно сечкан млад кромид…одлично...

Редена руска салата со јајца, варен ориз, туна, ситно сечкан млад кромид…одлично мезе

Рецептот за оваа превкусна салата, која е одлична како мезе, ни го претстави почитуваниот Aleksandar Bruce Makedonski во нашата група НМД рецепти.

Потребни состојки:

150 г варен ориз
150 г кашкавал
320 г туна во масло
250 г мајонез
50 г млад кромид – зелени преца
150 г варени јајца (3 јајца)
½ лажичка сол
½ лажичка црн пипер

Постапка:

Во декоративен, стаклен (трансапрентен сад) на дното ставете го првиот слој од варен ориз. Натапкајте го добро со виљушката и израмнете.

Врз оризот ставете 3-4 лажици мајонез и рамномерно распоредете. Посолете и запиперете.

Потоа ставете слој туна и исто како што постапивте претходно со оризот, натапкајте добро и израмнете со виљушката. Повторно премачкајте со слој од мајонез. Посолете и запиперете.

Наросете рамномерно ситно сечкани зелени перца од кромид. Одозгора наросете со кашкавал изрендан на крупно ренде. Повторно премачкајте со слој од мајонез, посолете и запиперете.

Одозгора нанесете слој од три варени јајца изрендани на крупно ренде. Украсете со малку сечкани зелени перца од кромид.

Салатата ставете ја во фрижидер да излади околу 30 минути.