Постојат милиони луѓе кои се грижат поради вишокот на килограми, а особено жените кои посакуваат брзо слабеење без вежбање и голем напор. Меѓутоа, тоа не е можно.

Рецептот на човекот кој брзо ослабел со помош на еден напиток се споделуваат секојдневно на социјалните мрежи. Но, како што велат нутриционистите и диетичарите, не постои ниеден волшебен напиток кој ќе ве “стопи” преку ноќ.

Масните наслаги и вишокот килограми кои се таложеле со години од прекумерно јадење и недоволна физичка активност, бара време и напор за истите да се елиминираат.

Меѓутоа, постојат состојки кои го забрзуваат слабеењето, односно природното согорување и разложување на масните наслаги. Значи, навистина мора да се внимава на исхраната и општиот стил на живеење, но овој напиток помага сето тоа да се забрза и олесни, без поголеми напори.

Потребни состојки:

2 лажички мед
1 лажичка цимет
250 мл вода

Постапка:

Водата зовријте ја и прелијте го циметот. Поклопете и оставете да излади. Кога течноста ќе биде млака додадете го медот и промешајте за да се раствори.

Оваа течност се пие двапати во денот: половина наутро кога ќе станете од спиење, на празен желудник, а втората половина навечер пред спиење.

За само седум дена резултатите сигурно ќе ве изненадат.