Дали се сеќавате на чашите и чиниите од вашето детство? Дали имате сочувано некои од нив како спомен на едно подобро, повредно и поздраво време во кое некогаш се живееше?

Дали понекогаш ви се јавува носталгија за оние потопли и посигурни времиња, кога сите имавме помалку отколку сега, но многу, многу повеќе?

Лимени чинии, шолји, тенџериња во разни бои и шари…

Се чини дека сите тие се завршени некаде во ѓубре и заборавени од времето, бидејќи никој повеќе не ги користи. Веројатно ги оставивме во заслужена “пензија”.

Овие садови беа скромни, но веројатно се сеќавате дека од нив се јадеа највкусните јадења, кога околу масата се собираше целото семејство и тоа не само во недела, туку за секој работен ден.

Децата беа вратени од училиште со клуч околу вратот или бабите одеа да ги пречекаат и земат и да ги однесат во топлиот дом каде секогаш имаше ванилици, сува торта или некој друг колач.

Секогаш имаше бонбони кои се чуваа во кристални садови со капак, а гостите се послужуваа со чаша вода и слатко во мали стаклени чинивчиња.

Се јадеше супа, салата и главно јадење кое најчесто беше “на лажица”. Вкусот на јадењата кога се јадеше од тие чинии некако беше посебен.

Дали се сеќавате на периодот кога бевме деца и кога надвор си игравме по цел ден, но едвај чекавме да го слушнеме гласот на нашата мајка која не повикува за јадење.

Може да се каже дека најслатко беше да се јаде од вакви чинии…