Дали сте едни од оние кои одбегнуваат да ги исушат рацете на сушалниците од јавните тоалети, бидејќи сте слушнале или проверено знаете дека тие се штетни и дека придонесуваат за развој на бактерии врз вашите дланки?
Доколку немате хартиена салфетка како опција, дали и тогаш би ја одбегнале сушалницата? А дали знаевте дека најлоша опција е да излезете од тоалет со влажни раце, па отпосле да ги избришете од панталоните или да чекате природно да се исушат?
Вашите влажни раце ги привлекуваат бактериите. Затоа многу е важно да изберете било кој начин за сушење, па макар тоа биле и сушалките за раце.
Сепак, постојат уште неколку причини поради кои сушилниците за раце не се толку лоши како што си мислите.
ДАЛИ СУШИЛНИЦИТЕ ЗА РАЦЕ СЕ ГНЕЗДО ЗА БАКТЕРИИ?
Поради овој аргумент речиси сите ги одбегнуваат сушилниците за раце. Меѓутоа, пред ова да го земете здраво за готово, важно е да се распрашате за овој апарат пред да го употребите.
Имено, две работи се многу важни кои влијаат врз самиот квалитет на сушилницата за раце, а тоа се: филтрите и материојалот од кој се направени. Филтрите спречуваат да дојде до пренесување на бактериите од воздухот врз рацете, а од материјалот зависи дали бактериите ќе се задржат на апаратот или не.
Поедини сушилници за раце во себе содржат сребро кое оневозможува бактериите да преживеат на апаратот. Исто така, овие сушилници кога ќе се споредат со хартиените салфетки и пешкирите се многу подобро решение. На хартиените салфетки честопати може да се задржи распрскана вода, а влажната подлога е одлична за развој на бактерии, што кај сушилниците не е случај, бидејќи тој секогаш е сув.
НА СОВРЕМЕНИТЕ СУШИЛНИЦИ ПОТРЕБНИ ИМ СЕ 10 СЕКУНДИ
Точно е дека на старите модели им се потребни и до една минута за темелно да ги исушат рацете, а повеќето луѓе не дочекуваат тој процес да заврши, што особено може да биде ризично, како што е веќе претходно објаснето. Меѓутоа, на современите сушилници потребно им е многу пократко време, а се’ повеќе луѓе се одлучуваат за купување на вакви посовремени модели.
Веројатно веќе сте ги испробале во некои трговски центри или поголеми ресторани. Точно е дека бактериите на топлина и влага се размножуваат, но за овој процес, потребно е одредено време. Десет секунди е многу кратко време за да дојде до развој на бактерии, а со оглед на тоа што поради филтрите и материјалот на сушилниците – тие не се пренесуваат на вашите раце, па затоа и немате причина за грижа.