Откога го добив овој рецепт од пријателката Ана, не може да помине ниту една слава, Божиќ, Велигден, роденденили било каква друга пригода, а да не ги направам овие колачиња.
Првпат кога ги направив, детето ми рече: Мама, не можам да изедам само едно, постојано ме тера да изедам уште едно, уште едно…”
Потребни состојки:
250 г брашно
250 г мелени ореви
250 г шеќер
250 г маргарин
2 жолчки
За фил: Чоколадо, еурокрем или џем
Постапка:
Од сите состојки замесете тесто. Ако ви се чини дека е многу меко, додадете уште малку брашно, но обично нема потреба. Тестото оставете го во фрижидер околу еден час, треба добро да биде изладено за да се стегне.
Обликувајте мали топчиња и редете ги во плех обложен со хартија за печење. Оставајте растојание помеѓу нив, бидејќи тие малку ќе се рашират во текот на печењето.
На секое топче втиснете мало дупче кое би требало да биде приближно колку дебелина на молив.
Ставете ги да се печат во загреана рерна на 150 степени, но не подолго од 15-тина минути. Од оваа количина треба да излезат 4 плехови.
Колку ќе ги правите помали колачињата, толку поубави излегуваат.
Кога колачите ќе изладат, наполнете ги со растопено чоколадо, џен, нутела или со крем по ваша желба.
Наместо ореви во тестото можете да ставите бадеми или лешници или комбинација од сè по малку.
coolinarika.com