Дали сте знаеле дека морковот е природен лек против пролив? Тоа е основна намирница за прочистување на телото затоа што изобилува со антиоксиданти. Докажано е дека морковот претставува најголем извор на бета-каротен кој во телото се претвора во витамин А, а е неопходен за правилно функционирање на имуниот систем.
Морковот содржи голема количина влакна кои помагаат во регулирањето на шеќерот во крвта и придонесуваат за подолго чувство на ситост. Поради ова, морковот им се препорачува на лица кои внимаваат на својата тежина, затоа што изобилува со хранливи материи а истовремено е нискокалоричен зеленчук:
витамини Б1, Б2, многу каротен (провитамин А), витамин Г, витамин Х (биотин), етерско масло, шеќер, пектин, пантотенска и јаболкова киселина, фитостерин, аспарагин, глутамин, пентозин, скроб, целулоза, слуз, белковини, минерални соли, посебно калиум.
ПОДГОТОВКА И УПОТРЕБА: Морковот освен што се употребува во исхраната, има позитивно влијание и како лек. Се употребува: против гниење во цревата; ја смирува прекумерната жолчна киселина (подобро од сода бикарбона);
го намалува отокот од водени болести; заболени бубрези; делува против цревни паразити; шеќерна болест; гихт и реума; воспаление на крајници и грло; го подобрува видот.
ПРОТИВ БОЛКИ ВО ЖЕЛУДНИКОТ и цревата кај мали деца и доенчиња: 500 г изрендан морков густо се вари со 200 мл вода, потоа се меша со 1 литар супа (говедска, телешка).
ПРОТИВ ЖДРИГАВИЦА треба секој ден да се испие 250 мл свеж исцеден сок од морков. ЗА ПОДОБРО РАЗВИВАЊЕ НА ДЕЦАТА, ЗАМОР, потребно е свеж изрендан морков засладен со мед да се јаде секој ден.
Две мали чаши сок од морков треба да се пијат секој ден ПРОТИВ РЕУМА, а против ШЕЌЕРНА БОЛЕСТ се пие долго време. Парче морков се сече тенко или се ренда па се става на рани што тешко зараснуваат.
НА РАНИ, посебно на изгореници треба да се стави сок од морков или се става свеж изрендан морков како облога. Се менува секој час. ЗА ПОТ-ЕНЦИЈА: свежо исцеден сок од морков, помешан со мед 1:1.
НЕРЕДОВНА СТОЛИЦА: наутро, на гладно да се испие 150-200 мл свежо исцеден сок од морков. ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА УСТАТА: долго џвакајте сиров морков. Сок од свеж морков помага при воспаление на крајници и создавање полип. Подолго време треба дневно да се пие барем по 50 мл сок.
Сокот помага и за лекување КАРЦИНОМ, ако исхраната извесно време се базира само на морков, или пак во текот на денот се пијат 100-150 мл сок. Истиот ја прочистува крвта, а се употребува и за лекување на кожни болести. Може да се користи и свеж изрендан морков 200-300 мл дневно, а од него се става на болното место како облога.
ПРИРОДЕН ЛЕК ПРОТИВ ДИЈАРЕА: Исцедете сок од морков, па додадете шеќер 1:1. На тивко варете го со постојано мешање и отстранување на пената. Пред да зоврие (не смее да зоврие) тргнете го од огнот, налијте во стаклено шише и затворете.
Употреба: за деца – една мала лажичка трипати дневно пред оброк. За возрасни една супена лажица, трипати дневно пред оброк. СЕ ПРЕПОРАЧУВА НА ПОСТАРИТЕ ЛУЃЕ дневно да испијат во голтки една чаша, половина сок од морков и половина млеко. Таа смеса помага за освежување на организмот и го подобрува памтењето.
ПРОТИВ БОЛЕСТИ НА ДИШНИТЕ ОРГАНИ, БРОНХИТИС, ГРИП: Сок од морков со шеќер се вари додека да се згусне. Се става во шише и се затвора. Се пие по една супена лажица после јадење 3 пати на ден.