Фото и рецепт: Даница Данче Стојева. Овој колач одлично одговара со кафенце, млеко, чајче…буквално со сè! Рецептот го објави нашата драга Данче Стојева во групата НМД рецепти.

Потребни состојки: 4 јајца, 4 филџани (мали, за кафе) шеќер, 4 филџани млеко, 2 филџани масло, 8 филџани брашно, 1 прашок за печиво, 1 ванилин шеќер, 1 лажица какао, 100 г сечкани ореви

Постапка: Со миксер се матат јајцата со додавање на шеќерот и ванилата, околу 5 минути. Потоа се додаваат останатите состојки: маслото, млекото, брашното помешано со прашок за печиво, оревите. Се промешува со лажица.

Половина од смесата се истура во намастен и набрашнет плех, а во другата половина се промешува какаото. Кафеавата смеса се истура врз белата и се прошарува. Се става да се пече околу половина час во претходно загреана рерна на 180 степени. Смесата е доволна за среден или голем плех од рерна, во зависност од големината на филџаните што ќе ги користите.

Фото и рецепт: Даница Данче Стојева