Сирупот од морков успешно ја исфрла слузта од белите дробови! Ова е домашен сируп против кашлица кој е одличен за деца и возрасни. Потребни ви се само две состојки: морков и мед, за кои веруваме дека веќе ги имате во својата кујна. Морковите по можност треба да бидат свежи и сочни, а медот квалитетен.
Во сезона на настинки и грип потребно е да имате природни лекови кои ќе ви помогнат да ја сопрете кашлицата и да ги ослободите белите дробови од слузта. Ова е домашен сируп против кашлица кој е одличен за деца и возрасни. Морковот е многу здрав зеленчук, за што веројатно веќе знаете.
Обилува со антиоксиданси, па затоа сокот од морков е многу корисен за намалување на крвниот притисок а може да спречи дијабетес. Многу доктори препорачуваат да пиете свеж сок од морков бидејќи содржи многу повеќе хранливи состојки и нашиот организам има многу повеќе здравстевни бенефити од тој сок.
Ова се некои од здравствените предности: го јакне имунитетот и спречува болести на срце, го намалува нивото на холестерол, спречува рак, спречува акни, одлично го подобрува здравјето на кожата, го снабдува организмот со калциум, ја поттикнува дигестијата, врши детоксификација на телото
РЕЦЕПТ ЗА ПРИРОДЕН СИРУП ПРОТИВ КАШЛИЦА ОД МОРКОВ. Потребни состојки: 500 г морков, 5 лажици мед и вода. Постапка: Морковот исчистете го и исечете го на тркалца. Ставете го во сад и прелијте со вода за да биде морковот прелиен. Накратко проварете додека да омекне морковот.
Процедете го и испасирајте го со мискер или блендер. Водата во која се вареше морковот оставете да излади, па додадете мед и се’ измешајте заедно со испасираниот морков. Употреба: По 3-4 лажици од овој сируп против кашлица во текот на денот. Ќе почувствувате подобрување за еден до два дена.