Има многу нежен вкус, секој слој поединечно се чувствува и сите заедно се слеваат во еден едниствен, прекрасна хармонија!

Сочен и многу вкусен колач во кој се испреплетуваат опојниот мак, крцкавите ореви, слаткастите јаболка, мирисниот рогач и нежната ванила… Се прави во голем и длабок плех, а доколку ви е голема количината, тогаш преполовете ги состојките и правете го во помал плех.

Потребни состојки:

8 готови кори за пита
150 мл млеко за премачкуавње на корите
150 мл масло за прскање на филот

за фил од јаболка и рогач:

1,2 кг рендани јаболка
½ лимон – сок
1 прстофат цимет или по вкус
2 лажички рум или по вкус
150 г шеќер
50 г мелен рогаш
50 г мелени бисквити

за фил од ореви:

300 г мелени ореви
100 г мелени бисквити
150 г шеќер
2 лажички рум или по вкус
2 лажици мед
300 мл врело млеко

за фил од мак:

300 г мелен мак
100 г мелени бисквити
150 г шеќер
2 лажици мед
400 мл врело млеко

за премачкување:

400 мл млеко
1 пудинг од ванила
2 лажици шеќер
1 јајце
200 г кисела павлака

Постапка:

Корите искројте ги според плехот во кој ќе печете, а се препорачува некој поголем и подлабок.

За фил од јаболка: изрендајте ги јаболката и кратко пропржете ги со лимоно сок, цимет и рум, колку да омекнат и да испари течноста. Оставете на страна да излади, па потоа додадете шеќер, рогач и мелени бисквити.

За фил од ореви и мак: измешајте ги сите состојки и оставете на страна.

Плехот намастете го со масло, ставете ја првата кора, па со помош на четка премачкајте ја со млеко. Ставете ја втората кора, премачкајте ја со млеко. Потоа ставете фил од мак.

Врз филот од мак испрскајте малку масло, па повторно наредете две кори и исто премачкајте ги со млеко. Следен фил е од јаболка и рогач, па испрскајте со масло и повторно две кори премачкани со млеко.

Третиот фил е филот со ореви, па и врз него испрскајте малку масло. Нанесете ги последните две кори премачкани со млеко, а одозгора обилно намастете ги со преостанатото масло.

Питата ставете ја во загреана рерна на 180 степени и печете ја половина час. За тоа време пригответе го пудингот: Пудингот од ванила со шеќерот сварете го во млекото, па додека е врел во него додадете пенасто изматена кисела павлака со едно јајце.

Со оваа смеса премачкајте ја полупечената пита и вратете во рерна да се допече до крај.