Фото и рецепт: Дијана Адемовиќ

Потребни состојки:

250 г корен од ѓумбир
500 г мед

Постапка:

Ѓумбирот се мие и се ренда ситно, па се меша во медот. Доколку сакате можете и да го изблендирате.

Кога ќе го помешате со медот, постепено ќе го испушти својот сок и ќе се добие убава смеса. Затоа оставете го еден ден во фрижидер, па следниот ден убаво промешајте го за да се соединат состојките.

Употреба: По 3 лажици дневно, половина час пред главните оброци. Се консумира полека со растопување во устата, а доколку ви е многу луто, само оставете да ви се лизне низ грлото.

Лекот помага кај покачен холестерол, триглицериди, тромбоза, хроничен бронхитис, слабост, умор…

Ѓумбирот му дава енергија на целото тело и помага за подобро варење на храната, дијареа, бавна циркулација, како и за ублажување на симптомите од артериосклероза, артритис, гадење, хемороиди, за искашлување на слуз од грлото, мигрена, алергии и срцеви заболувања.

Неговата лековитост помага за ублажување и на симптомите од менструалниот циклус. Неговата исклучителна ефикасност се огледува во ублажување на воспалението на телото, придонесува за правилен развој на ткивата, го зголемува имунитетот и го намалува ризикот од срцеви болести.

Ѓумбирот помага за подобрување на варењето, ги апсорбира и ги неутрализира отровите во дигестивниот тракт, ја зголемува секрецијата на дигестивните ензими и сокови, вклучувајќи ја и жолчката и плунката, и помага за олеснување на болката во желудникот.

Чајот од ѓумбир ги ублажува болките во стомакот и има анти-воспалително дејство. Ѓумбирот ги лечи сите дигестивни потешкотии и е многу ефикасен во чистење на телото од паразити и бактерии и го фаворизира развојот на добри бактерии. Тој ги чисти отровите од крвта и лимфата.

Се препорачува дневна доза од 500 милиграми, и тоа во капсули, чај, сок или храна.
Напомена: Ѓумбирот не треба да го консумираат бремени жени, а лицата со камења во бубрези и висок крвен притисок претходно да се консултираат со лекар.

Фото и рецепт: Дијана Адемовиќ