Фото и рецепт: Слаѓана Рожа

Еве неколку совети како снегот од белки да ви биде цврст и брз за приготвување.

Во период од многу години пракса, научив дека најдобро се матат јајцата ако се стари 2-3 дена. Многу е важно кога ќе ги одвојувате белките од жолчките да нема ни една капка од жолчката во белките.

Белките е пожелно да се матат во метален сад кој претходно заедно со металките од миксерот сте ги изладиле 10-тина минути во фрижидер.

Се подразбира дека целиот прибор треба да биде совршено чист, да нема ни најмали траги од маснотија.

Пред да започнете со матењето во белките ставете еден прстофат сол, па дури потоа започнете со миксање на поспора брзина, па дури потоа постепено зголемувајте ја брзината. Кога според рецептот треба да ставите шеќер, секогаш подобар избор е шечерот во прав. Додавајте го постепено, откако веќе сте добиле малку цврста смеса.

За да проверите дали снегот од белките е доволно цврст, свртете го садот наопаку. Смесата не смее да се движи.

Според овие совети ќе добиете цврст снег од белките кој натаму ќе можете да го користите во вашите рецепти.

Фото и рецепт: Слаѓана Рожа