Сокот од цвеклото се ценел како лек уште пред 4000 години, а и ден денес секогаш е на врвот од топ листата на супнамирници. Секако, има луѓе кои имаат потешкотии со желудникот и потешко го варат, а има и такви кои не им се допаѓа вкусот на “земја”.
Меѓутоа, тој толку е здрав и лековит, што го надокнадува малку “лошиот вкус”. Дополнително, секогаш можете да го подобрите со додавање на лимонов сок или мешавина од јабоков, лимонов и сок од морков. Прекрасна комбинација која подига и од “мртвите”.
Ова се 9 главни причини зошто треба сокот од цвекло да го пиете почесто.
Прва причина – Сокот од цвекло содржи пигмент беталаин кој има антиоксиданти и антивоспалителни својства. Благодарение на оваа состојка, овој сок спречува оштетување на клеточно ниво и ги елиминира слободните радикали од организмот.
Втора причина – Доколку имате тегоби со дигестијата, пијте го редовно овој сок. Истражувањата покажуваат дека сокот од цвекло помага да се исчистат цревата, а притоа им помага правилно да функционираат.
Трета причина – Благодарение на каротеноидите кои ги содржи, како што се лутеинот и зеаксантинот, сокот од цвекло е исклучително добар и за здравјето на вашите очи.
Четврта причина – Сокот од цвекло го зголемува нивото на енергија, па на тој начин му помага на вашето тело подобро да реагира на вежбањето и физичката активност.
Петта причина – Една чаша сок од цвекло, ако се пие секојдневно, може да го намали и регулира крвниот притисок.
Шеста причина – Овој сок го зголемува нивото на железо во крвта. Покрај тоа, содржи антиоксиданти кои помагаат во одржување на нормалното ниво на хемоглобинот. Овој сок исто така, ја подобрува циркулацијата.
Седма причина – Докажано е дека сокот од цвекло го подобрува имунитетот, а како резултат на тоа, вашето тело побрзо и полесно се изборува со инфекциите.
Осма причина – Благодарение на магнезиумот кој го содржи, сокот од цвекло може да го ублажи стресот и да помогне во закрепнувањето на мускулите.
Деветта причина – Сокот од цвекло веќе со децении се користи како природен лек. Сепак, за најдобри резултати, добро би било сами да си го правите и да одбегнувате купечки варијанти.
Сокот од цвекло треба да се пие во количина не поголема од 100 мл дневно и тоа во траење од најмногу еден месец во континуитет.
После еден месец, треба да се направи пауза од 2 седмици, па доколку е потребно после паузата да се повтори консумирањето на сокот.
Сокот од цвекло секогаш треба да се пие додека е свеж. Ако приготвите поголема количина, се чува во фрижидер и најдобро е да се потроши во следните 24 часа, а најдоцна до 3 дена од приготвувањето. Со секое одминување на времето, сокот ги губи лековитите својства.
Во периодот кога секојдневно ќе го консумирате сокот од цвекло, може да дојде до појава на црвена боја во урината или столицата. Тоа е нормална појава и не треба да ве плаши.