Сурутката е многу лековита… Маж ми ги прочисти жолчното кесе и замастениот црн дроб…Фото и рецепт: Емина Кесеровиќ. Студија – линк ОВДЕ, ОВДЕ и ОВДЕ.

Со таа сурутка се cпаси маж ми. Си го исчисти жолчното ќесе кое му беше полно со некаков талог и имаше силни болки после секое јадење. Имаше и замастен црн дроб и резултатите од кpвта не му беа добри.

Само после месец дена редовно пиење на домашна козја сурутка по еден литар секој ден, имаше огромни резултати, а сега црниот дроб му е здрав, жолчката му се исчисти и нема веќе болки.

За сето време беше во консултации со неговиот лекар и редовно одеше на контроли. (и сè уште оди) Ете, се надевам дека некому ќе му помогне, па да си направи за себе толку евтин а добар лек. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

5 литри свежо млеко
1 чаша јогурт

Постапка:

Во едно големо тенџере ставете 5 литри свежо млеко, па во него измешајте една чаша јогурт. Оставете така 24 часа покриено со газа за да ферментира. После еден ден соберете ја со лажица павлаката од површината – ќе добиете 500 мл одлична павлака.

Згуснатата маса во тенџерето исечете ја со нож на големи коцки. Ќе добиете сирење со повеќе сурутка.

Потоа вклучете ја рерната на 100 степени, па во загреана рерна ставете го тенџерето. После 1,5 час ќе забележите како сурутката полека се одвојува од сирењето кое ќе падне на дното.

Температурата зголемете ја уште 10 минути на 150 степени и после тоа исклучете ја рерната. Вака оставете да се лади во рерната уште 24 часа.

Изладената смеса ставете ја на цедалка за полека да се цеди. Можеби ќе ви се чини предолг процесот, но навистина се исплати, зошто добивате преубаво младо сирење. Од оваа количина добивам околу 2 кг сирење, преубава павлака и многу слатка и вкусна сурутка.

Сурутка можете да добиете и на побрз начин:

1 литар свежо млеко загрејте го во сад, но не дозволувајте да проврие. Во тоа додајте сок од еден исцеден лимон и мешајте.

Набрзо ќе забележите дека се формира згрутчување – урда и течност. Таа течност е сурутка. Процедете низ газа или ситна цедалка, па ќе добиете сирење/урда и сурутка.

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА СУРУТКАТА

Низ историјата нашите баби ја користеле сурутката како лек и дефинитивно не грешеле. Сурутката е нус-производ кој се добива при производство на сирење.

Индустриското производство на сурутка е започнато дури во 40-тите години на 20.век. Низ историјата бабите на нашите баби редовно ја користеле сурутката како лековит напиток..

Она за кое можеби не сте слушнале, а што кај народот е познато со векови, е дека сурутката е најдобриот природен лек за црн дроб.

Сурутката се користи за сите проблеми со црниот дроб вклучително замастен црн дроб, оштетен црн дроб од вирусни заболувања (хепатитис, жолтица), отечен црн дроб, а посебно за црн дроб кој е оптеретен од претерана консумација на алкоxол, масна и нездрава исхрана.

Росопас и сурутка – најдобрата комбинација за замастен црн дроб, тумори и дигестивен тракт

Ја поттикнува регенерацијата на црниот дроб. Терапијата со сурутка се спроведува во подолг временски период, така што секојдневно се консумира по најмалку половина литар, а по можност и повеќе од тоа.

Сурутката придонесува за обнова, чистење и закрепнување на заболениот црн дроб ако упорно и редовно се користи.

Секако, многу е важно да престанете со штетното делување и исхрана која продолжува да го оштетува црниот дроб, како што се алкоxол, многу масна храна и преработена храна, како и други штетни материи.

Покрај сурутка, за проблем со црниот дроб добро е да се користи и младо сирење, а најдобро за појадок на празен желудник. Оваа комбинација има најдобар ефект.

Сурутката може да помогне и при слабеење, бидејќи содржи протеини кои ја зголемуваат мускулната маса и даваат чувство на ситост со мала количина на калории.

Во сурутката остануваат најдобрите и најхранливите состојки од млекото и тоа витамини Б и Е, минерали и млечни шеќери, кои се заслужни за изградба на синапсите во мозокот.

Содржи и важни минерали: натриум, калиум, фосфор, магнезиум, железо, цинк, бакар, кобалт, манган, молибден, витамини, аминокиселини и белковини, немајќи при тоа многу калории.

​Она што на сите нас ни е заедничко во последно време е тоа што се наоѓаме под постојан cтрес.

Сурутката е идеален напиток за овој проблем. Причината е тоа што во нашето тело предизвикува лачење на серотонин (хормон на задоволство) од кој се чувствуваме добро а од телото се исфрла cтресот.

Cе препорачува и за хроничен умор, посебно пролетниот како и за грчеви и болки во мускулите од физички напор. Сурутката спречува остеопороза, симнува наслаги од забите и превентивно делува против кариес.

Покрај овие бенефити, сурутката веќе со децении се препорачува како ефикасен лек за луѓе кои имаат проблеми со зголемени масти во кpвта кои никако не можат да се контролираат со лекови и исхрана.

Речиси кај сите луѓе целосно се регулира зголемениот холестерол и триглицериди само после неколку седмици редовно консумирање.

​Она што е особено интересно за младите и физички активни луѓе е фактот дека сурутката се користи како природен извор на аминокиселини, кои се метаболираат во мускулното ткиво при вежбање, и учествуваат во изградба на обликот и конституција на мускулите.

Луѓето кои интензивно вежбаат како што се бодибилдерите, подобро и побрзо воспоставуваат мускулна маса, но и го закрепнуваат своето тело после напор.

Од тие причини на пазарот сѐ повеќе се појавуваат протеини во прав на база сурутка наменети за овие спортисти.

Овде ни одблизу не завршува списокот на благодетите од сурутката. Доколку имате проблем со подуеност, нередовна столица, дигестија, колитис или хронично воспаление на цревата, потребно е редовно да се пие сурутка.

Истражувањата покажале дека сурутката содржи имуноглобулини и лактоферин, кои играат значајна улога во спречувањето на воспаленија во целиот организам.

Внатрешните воспаленија се една од главните причини за кардиоваскуларни и канцеpогени заболувања.

Сурутката го подига имунитетот на организмот и ја јакне општата отпорност и затоа се наоѓа во формулите на повеќето нови спортски и имунолошки додатоци во исхраната, како и во основната формула за исхрана на бебињата.

Новите истражувања покажуваат дека сурутката има значајна улога во заштитата, здравјето и регенерацијата на цревата, а особено на дебелото црево.

Сурутката е целосно безопасен, благ и природен напиток. Бидејќи содржи живи бактерии, во некои случаи може да предизвика дијареа доколку навистина се претера во количината.

Единствено лицата кои се алергични на млечни производи треба да ја одбегнуваат.

Препорачана дневна доза е 500 мл до максимално еден литар дневно, доколку се работи за течна сурутка.

Можете да ја пиете на празен желудник наутро, но нема да погрешите ако ја пиете и во повеќе наврати во текот на денот.

НАПОМЕНА: Текстот е информативен и се базира на личното искуство на читателка. Секој што има здравствен проблем пред употреба на препарати од народната медицина треба да се советува со својот лекар.