Не може да не ги сакате. Наједноставниот колач со предобар вкус.
Потребни состојки:
550 г брашно
1 прашок за печиво
1 лажица шеќер
1 прстофат сол
200 мл масло
200 мл пиво
малку ореви
за прелив:
1,5 чаша шеќер (300 г)
1,5 чаша вода (300 мл)
1 ванилин шеќер
малку лимон
100 г мелени ореви за наросување
Постапка:
Во еден сад ставете брашно, прашок за печиво, една лажица шеќер и на врв од лажицата –сол. Промешајте за да се изедначат сувите состојки.
Потоа додадете една чаша масло и една чаша пиво, па замесете го тестото кое треба да се одвојува од ѕидовите на садот. Продолжете го месењето со рака, тестото не треба да биде ни премногу меко, ни премногу тврдо.
Оставете го 10-тина минути, а потоа кинете од него и формирајте топчиња со величина на орев, сплескајте го топчето со дланките, ставете во средината јатка орев, па повторно формирајте го колачето. Вака приготвените колачи редете ги во плех обложен со хартија за печење.
Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.
Додека се печат колачите вие пригответе го сирупот: Во тенџере на оган ставете по 1,5 чаша шеќер и вода и еден ванилин шеќер. Од моментот на зовривање оставете да врие на умерена температура уште 5-6 минути. Исклучете и додадете 2-3 тркалца лимон.
Печениот колач извадете го од рерна и оставете го 3-4 минути да излади. Додека е топол е става во топлиот сируп. Се остава по 20 секунди од двете страни да впие од дирупот и се вади во друг сад со мелени ореви. Се обложува убаво од сите страни и се реди врз чинија за послужување.
Сите детали околу подготовката можете да ги погледнете во видеото: