Повеќе од 85% од луѓето може да го одзатнат носот за помалку од 1 минута, ако правилно се испере според опишените инструкции. Овој начин бил тестиран на повеќе од 100 000 луѓе.
Едноставната вежба за дишење која се вика „Метод за дишење Бутељко“ ја открија руските лекари.
Суштина на вежбата:
Седнете на стол и опуштете се.
Во текот на самата вежба (па дури и по завршувањето) устата држете ја затворена. Тоа е задолжителен услов за успешно изведување на вежбата.
Вдишете низ нос (пожелно) или низ уста (ако не можете поинаку).
Сега задржете го здивот, стиснувајќи го носот со прсти. Полека мрдајте ја главата.
Во оваа фаза устата е затворена. Кога ќе посакате да земете воздух-продолжете да го држите носот стиснат и понатаму движете ја главата.
Продолжете додека да почувствувате непријатност и неопходност да земете здив. Не претерувајте и не се доведувајте себеси во состојба да посините. Едноставно, издржете колку што можете.
Сега пуштете го носот и вдишете. Устата и натаму е затворена.
Еден длабок здив и во текот на следните неколку минути дишете, мирно и спокојно, седејќи на стол.
Ако постои потреба – повторете ја вежбата.
Овие совети помагаат, не само кај затнат нос, туку им помагаат и на луѓе кои патат од хронични проблеми со синуси и полипи.