Велешко ѓозлеме – еден од најсподелуваните рецепти на интернет

Рецепт и фото: Анита Стојановска​

Ѓомлезе, Ѓозлеме, Сеченица… како сакате наречете ја, секако е превкусна!

Потребни состојки:

250 г млака вода

1 квасец

100 мл масло

1 лажиче шеќер

1 лажиче сол

брашно по потреба…

Постапка:

Се замесува средно тесто. Тестото го оценувате по месењето, не треба да се лепи на раце. Значи ни тврдо ни меко.

Се остава да стаса, а потоа го делите на топчиња со големина која вие ќе одлучите. Јас го печев во тавче 32, па тестото го поделив на 6 топчиња.

Секое топче го сукате во кора, големина ја одредувате според тавчето. Се прска со маст измешана со масло, па редете дробено сирење и така ги редите сите кори.

Последната кора се сече и се боцка со свинско месо исечкано на помали коцки. Се остава да стаса околу 15 минути па се пече.

Јас го печев на 200 степени околу 45 минути.

Претходна статијаДали си одговарате со партнерот според крвната група
Следна статијаЕве како за една минута да го одзатнете носот