Дали инфарктот на миокардот може да биде незабележлив? Можеби изгледа чудно што поставуваме вакво прашање, со оглед на тоа што оваа акутна катастрофа во кардиоваскуларниот систем е опасна по живот. Како се манифестира?
Кога говориме за срцев удар, веднаш пред себе имаме слика на човек кој трпи огромни болки во градите и како погоден од гром паѓа на земјата.
Иако, кога инфарктот е масивен, може и ова да се случи, сепак, постојат знаци и симптоми, особено кај жените, на кои не обраќаме внимание и малиот срцев удар поминува незабележително, на нозе. Тивкиот срцев удар најчесто се случува кај постари лица и лица со дијабетес, но може и кај било кој друг.
Кардиолозите често се среќаваат со вакви случаи:
“Неколкупати сум ја забележал збунетоста кај пациентите кога ќе им го прочитам извештајот од ЕКГ и ехокардиографот. Кога ќе ги прашам кога имале срцев удар, тие ми одговараат дека никогаш немале такво нешто.”
Инфарктот на миокардот може да се појави и да помине без да се забележи, но тоа не значи дека не остава никакви последици.
ПРВО: Инфарктот на миокард кога ќе се преживее “на нозе”, создава зголемен ризик од развој на повторена екстензија на срцевиот мускул. Па така, овој инфаркт можете да го сметате како предупредување за следниот кој би можел да биде поголем и посериозен.
ВТОРО: Локалните промени на срцевото ткиво, кои се појавиле како последица на овој мал срцев удар, доведуваат до губиток на ефикасноста на ова место.
Лузната која се формира после срцевиот удар не учествува во работата на срцето, со што се намалува неговата контрактилност. Ова особено добро се гледа на ЕХО на срцето.
Затоа, од исклучителна важност е секој човек еднаш годишно да направи преглед на срцето, особено ЕКГ и ЕХО. Ова важи за сите, но најмногу за лицата со артериска хипертензија, коронарна болест на срцето или дијабетес. Овие болести се фактор ризик за појава на инфаркт на миокардот.
ОВА се некои од помалку специфичните симптоми кои би можеле да упатуваат на тоа дека претрпувате срцев атак на нозе:
-Ве облева ладна пот и побледувате во лицето, а не сте настинати, ниту вежбате некоја физичка активност. И доколку немате срцев удар, сепак треба да отидете на лекар и да направите некои тестирања и анализи за да се утврди причината за ваквото потење.
-Болка во грбот и градите, како некој да ве врзал со јаже и да ве затега посилно. Може да се почувствува и болка во вилицата, левата рака и грлото. Ако ваквата болка не поминува во рок од 15 минути, најдобро е да отидете на лекар и да се прегледате.
-Необјаснета изнемоштеност, замор и умор при обавувањето на најобичните дневни активности. Ваквиот замор може да се појави неколку дена пред атакот.
-Краток здив, чувство како да не можете да дишете или уште познато како дишење на “риба на суво”.
-Симптоми како настинка. Честопати се случува срцевиот атак да помине незабележано, бидејќи може да има исти симптоми како грипот и настинката, затнат нос, несоница, болки во цело тело, болки во градите, температура, препотување…