Овој народен рецепт е познат многу одамна. Посебен ефект има врз мрзливите црева, подуеност на стомакот и гасови.
Кога организмот е во добра состојба, тоа се отсликува и на состојбата на кожата.
Самиот морков има многу позитивни ефекти за организмот благодарение на влакната, витаминот А и бета каротенот кој го содржи во изобилство, а кога ќе го помешате со уште неколку состојки, ќе добиете вистинки мевлем за стомакот.
Овој лек е познат навистина од многу одамна, а се користел при проблеми со цревата, а истовремено и за решавање на проблемите со кожата.
Успешно ќе го решава проблемот со мрзливи црева, подуеност и создавање на гасови. Еве како се приготвува.
Потребни состојки:
3 поголеми моркови
1 лажица мед
1 прстофат чили во прав (или мелен црн пипер)
1 лажичка маслиново масло
Постапка:
Изрендајте го морковот во еден сад, па додајте ги и останатите состојки. Мешајте додека да се соединат – и лекот за мрзливи црева е готов за употреба.
Се препорачува оваа мешавина да се јаде наместо појадок, а претходно да се испијат 1-2 чаши вода за да се „исплакне“ желудникот и цревата.
За 10 дена со редовна примена, ќе забележите огромно подобрување и чувство на леснотија во кожата.