Домашен сируп од само две состојки, ја смирува кашлицата уште првиот ден…Сирупот се чува во фрижидер, а се употребува како и секој друг сируп, по една лажица трипати на ден, распоредени на еднакви временски растојанија.

Ова е одличен рецепт за приготвување на домашен сируп кој ја смирува кашлицата и болките во грло. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 мл пиво
150 г шеќер
околу 100 мл чај од нане (сува билка или кесичка чај)

ПОСТАПКА:

1.Шеќерот ставете го во сува тава на умерен оган да се растопи и карамелизира.

2.Во карамелот постепено додајте го пивото, па на тивок оган варете го додека пивото да испари и да добиете сируп, со конзистенција на  мед.

3.На страна направете малку чај од нане, па кога сирупот убаво ќе згусне и ќе започнат да се појавуваат мали меурчиња, додајте го и измешајте ги. Сирупот ќе се разреди од чајот и ќе добие конзистенција на течен мед.

4.Вака подготвениот сируп сируп тргнете го од оган (треба да добиете околу 250-300 мл сируп) и оставете да се олади на собна температура.

5.Складирајте го во стаклена тегличка или шишенце. Се чува во фрижидер.

Употреба: возрасни по 1 лажица на ден, трипати дневно половина час пред оброк или по потреба, а деца – мала лажичка. НАПОМЕНА: Пред употреба на препарати од народната медицина, секој треба да се советува со својот лекар.

СИРУП ОД ЛОВОРОВ ЛИСТ И ПИВО, пијте го отсега, а на зима нема да се закашлате