Многу фино тесто “на шолја”, јас правев мафини, а може да се испече и како колач во било кој калап. Се приготвува од состојки кои веќе ги имате во домаќинството, без јајца и без миксер. Особено се вкусни за љубителите на кокосот.
Потребни состојки: 1,5 шолја шеќер, 1 ванилин шеќер, 1 прашок за печиво, 2 шолји брашно, 1 шолја кокос, 1 шолја млеко, 1 шолја масло, 1 шолја јогурт. За наросување: шеќер во прав
Постапка: Користете шолја за чај од 200 мл. Прво измешајте ги сите суви состојки, со лажица, не ви е потребен миксер.
Потоа додадете ги постепено течните состојки и добро промешајте за да не останат грутчиња.
Како што кажав претходно, можете целата смеса да ја излеете во некој калап, а можете и како мене да полните калап за мафини.
Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени додека малку да заруменат, а потоа пробајте со чепкалка дали е печено.
Печените мафиниадете ги малку да изладат, па извадете ги од калапот и наросете ги со шеќер во прав.
Од оваа количина се добиваат 15-тина мафини, во зависност од величината на калапите.