Време е за диетата со мандарини, во сезоната на мандарините! Уникатните цитруси содржат во себе изобилство на витамин Ц кој помага за прочистување на крвта. Ако редовно јадете мандарини, бидете сигурни дека сте го заштитиле вашиот организам од настинки и грип, бидејќи помагаат во зајакнувањето на имунитетот.

Сокот од мандарините овозможува подобро здравје за косата, коските и забите, а исто така, спречува создавање на тромбови. Се консумира како превенција од атеросклероза, целулит, за подобрување на перисталтика и метаболизмот воопшто.

Ако сте се одлучиле да ја пробате диетата со мандарини, потребно е да ја промените малку исхраната една седмица пред да започнете со диетата. Потребно е да ги исфрлите лебот и месото.

ТРИДНЕВНА ДИЕТА СО МАНДАРИНИ

Уникатната диета со мандарини трае само три дена, но дава одлични резултати, затоа што искуствата покажауваат одлични 3 до 5 кг помалку!

Потребно е да јадете по 1,5 мандарини дневно и да пиете најмалку по 2 литри вода. Не смее да се пие алкохол и секако слатките се забранети во текот на овие три дена.

За појадок јадете неколку мандарини, 2 парчиња двопек, шолја кафе или зелен чај без шеќер.

За ручек јадете 150 варено бело месо, 1 парче двопек, 1 варено јајце

За вечера исто така, јадете 150 г варено месо, 2 домати, 2 мандарини и 1 парче двопек.

Наместо бело месо, некогаш може да промените во риба, а доколку се почувствувате многу гладни, пред спиење може да испиете половина чаша јогурт.

Оваа диета не смее да се применува доколку имате чир на желудник, колитис, гастритис, холесциститис, ендеритис или било какви проблеми со желудникот.