Криотерапија: ставете коцка мраз на вратот за да ја зголемите енергијата

Ова е стар метод за разладување, познат на многумина, но според традиоциналната кинеска медицина, ладењето на една посебна точка во вратот може да предизвика ослободување на еден хормон наречен ендорфин, задолжен за доброто расположение. Но не само тоа! Овој метод помага и за лекување на бројни болести и тегоби. Прочитајте подолу во текстот…

Што се случува кога ќе ставите коцка мраз на местото каде што се спојуваат главата и вратот?

Многу едноставен метод за подмладување на организмот кој можете да го практикувате дома, а нема да ви одзема многу време и уште помалку пари. Се работи за ставање на коцката мраз на посебно место во пределот на вратот, поточно меѓу тетивата во пределот на вратот, во малата вдлабнатина, место кое ги спојува главата и вратот.

Кинезите оваа точка ја нарекуваат Фенг Фу, а тврдат дека го подмладува целиот организам, ги отстранува болестите и ви ја зголемува енергијата, полетот и доброто расположение.

Имено, не само што ќе се подмладите и ќе се чувствувате поздрави, порасположени и поенергични, туку и ќе се излечите од многу болести или ќе спречите нивна појава.

Точката се наоѓа помеѓу тетивите во пределот на вратот, на местото под тилот каде што има дупка на преминот од вратот кон главата. Во кинеската акупунктура, оваа точка се нарекува Фенг Фу („уточиште на ветрот“).

УПАТСТВО:

Легнете на стомак и ставете ја коцката мраз на назначеното место. Држете ја така околу 20 минути. Можете да ја фиксирате со фластер, завој или марама. Правете го тоа редовно, наутро и навечер пред спиење, со паузи од 2-3 дена. Користејќи го методот на овој начин, нема да настинете.

На почетокот, во првите неколку дена, можно е да се почувствувате еуфорично. Ова се должи на зголеменото ослободување на ендорфин во крвотокот.

РЕЗУЛТАТИ:

– Го подобрува сонот

– Одлично расположение и општа виталност

– Ја подобрува работата на системот за варење

– Крај на настинките

– Ја намалува и отстранува главоболката, забоболката и болката во зглобовите

ПРОМЕНИТЕ НАЈМНОГУ ЌЕ ГИ ПОЧУВСТВУВАТЕ АКО ПАТИТЕ ОД СЛЕДНИВЕ ПРОБЛЕМИ:

– Респираторни болести

– Болести на кардиоваскуларниот систем

– Невролошки оболувања со дегенеративни промени на ’рбетот

– Акутни гастроинтестинални и полово преносливи инфекции

– Пореметување на работата на штитната жлезда

– Артритис, хипертензија и хипотензија

– Бронхијална астма

– Пореметувања во гастроинтестиналниот тракт

– Целулит

– Пореметување во менструалниот циклус и ендокрина неплодност

– Психо-емоционални пореметувања, стрес, хроничен замор, депресија, несоница

Loading...