Ако сте љубители на пишиите, а ве нервира тоа што при печењето впиваат премногу масло, пробајте го овој рецепт! Имате рецепт со јајце и рецепт без јајце. И двата рецепти се одлични.
РЕЦЕПТ 1 – Потребни состојки: 1 јајце, ½ чаша кисела павлака, 1 чаша топла вода, 1 прашок за печиво, ½ лажиче сода бикарбона, малку сол и брашно по потреба
Постапка: Од сите состојки замесете тесто, а брашно додавајте толку колку да добиете меко тесто како за пица.
Тестото развлечете го со дебелина од прст, исечете го на правоаголници и пржете ги во умерено загреано масло.
РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 мл кисело млеко, 600 г брашно, 1/2 супена лажица сода бикарбона, 1/2 супена лажица сол и 1 пакетче прашок за пециво
ПОСТАПКА: Во подлабок сад се става брашно,потоа се додава кисело млеко,сода бикарбона,сол и прашок за пециво. Се замесува меко и мазно тесто. Тестото се развлекува во поголема кора со дебелина од 1 сантиметар.
Развлечената кора се сече по должина на ленти,а потоа и попреку накосо за да се добијат форми на баклава. Добиените баклавчиња се пржат во загреано масло, а потоа се редат на кујнска хартија за да се исцеди вишокот маснотија од нив. Пишиите се послужуваат со сирење и со чаша јогурт или пак со кисело млеко.