Фото и рецепт: Тања Ѓорѓевиќ
Полна чинија колачиња! Па кога вашиот сопруг ќе ги проба – нема да се лути што сте му го зеле пивото : )
Потребни состојки:
1 чаша пиво (200 мл)
1 чаша шеќер (200 мл)
1 чаша масло (150 мл)
1 прашок за печиво
околу 3 чаши брашно
2 ванилин шеќер
100 г кикирики (мелен или ситно сечкан по желба)
за наросување: шеќер во прав
Постапка:
Пивото заедно со шеќерот и ванилата ставете ги во тенџере на оган да зовријат, па тргнете на страна.
Кога ќе излади пивото, додадете масло, кикирики и брашно помешано со прашок за печиво, во неколку наврати (не го истурајте одеднаш целото брашно) и мешајте, па месете за да добиете средно меко тесто.
Од добиеното тесто правете топчиња со величина на орев, па редете ги во плех обложен со хартија за печење.
Печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути. Кога се печени и додека се топли валкајте ги во шеќер во прав.
Фото и рецепт: Тања Ѓорѓевиќ