Симптомите кои укажуваат на срцев удар се болка во градите, губење на здив или обливање со ладна пот, а малкумина знаат и за овој симптом.
До срцев удар доаѓа кога настанува блокирање на дотокот на крвта во срцето, а тогаш срцевиот мускул се оштетува и животот е сериозно загрозен.
Покрај главните симптоми, на срцев удар укажуваат и отечените нозе, зглобови и стапала. Експертите истакнуваат дека доколку срцето не функционира правилно, доаѓа до насобирање на ткивна течност во екстремитетите. Оваа состојба се нарекува едем или оток, а со текот на времето може да се влоши.
Исто така, кога срцето не ја пумпа крвта доволно брзо, крвта е блокирана во вените и предизвикува отекување. Проблемите со срцето може да доведат и до загрозување на работата на бубрезите, така што тие многу потешко можат да ја елиминираат вишокот течност и вишокот натриум од телото, па доаѓа до отекување и подување.
Меѓутоа, симптомите за срцев удар често се разликуваат од лице до лице, па доколку забележите често отекување на нозете и други симптоми кои укажуваат на проблеми со срцето, тогаш најдобро е да се обратите кај вашиот лекар и да си го сочувате здравјето и животот.