Болестите на зглобовите можат да бидат воспалителни, дегенеративни, ревматск, а се јавуваат и во состав на други болести како што е псоријазата. Природната медицина има неколку одлични лековити препарати за овој вид заболувања.
Зглобовите и ‘рбетот во текот на животот се постојано под различни оптеретувања и често се изложени на разни повреди и болести. На сите кои што сакаат да ги сочуваат зглобовите и ‘рбетот им се советува да прават вежби за правилно држење на телото, одбегнување на високи потпетици, правилен душек за лежење, избалансирана исхрана кој изобилува со калциум и други минерали.
Доколку веќе боледувате од некои болести на зглобовите кои неретко се наследни и не можат да се одбегнат, потребно е во договор со вашиот лекар да спроведете терапевтски вежби со кои ќе ви се олеснат секојдневните активности.
Кај РЕУМА исхраната треба да биде претежно растителна, особено кога постои реума на зглобови, да се ограничи внесот на сол, да се воздржите од консумирање на алкохол и кафе, да бидете топло облечени за постудените денови. Одбегнувајте неправилно оптеретување на зглобовите и колку можете повеќе движете се на чист воздух.
Честопати болките во зглобовите се последица од неправилно држење на телото. Исто така, студените и влажни денови можат да предизвикаат болки во зглобовите. Се појавуваат при одење и при напорна работа, па дури и за време на одмор и наутро после спиење.
Причините можат да бидат бројни, а најчесто тоа се воспаленија, долго седење или лежење, оштетена ‘рскавица на зглобовите, генетско наследна болест и дебелина.
Првиот чекор за сочувување на здравјето на зглобовите е избалансирана исхрана. Оние кои се склони на ревматизам треба да одбегнуваат житарици, пченка, млеко и млечни производи, месо риба, рафиниан шеќер, животински масти, индустриски преработена храна, компир, домати, пиперки, црн пипер, алкохол, кафе и какао.
Месото содржи најмногу пурин, токсични и азотни материи кои создаваат голема количина на урична киселина која бубрезите не можат целосно да ја исфрлат, па се таложи во зглобовите.
ШТО ТРЕБА ДА СЕ ЈАДЕ
Храна која помага е лук, капсули рибино масло, растителни влакна, намирници кои ги топат прекумерните килограми, масла богати со витамин Е (од ‘ркулци, маслиново и ленено).
Кај хроничен ревматизам помага благо домашно бело вино, но не и црно, бидејќи предизвикува губиток на минерали и калциум.
Пивскиот квасец е богат со витамин Б, додека оревите, бадемите и другите јатки се богати со магнезиум.
ТЕРАПИЈА СО БИЛКИ
Билката алое е одлична за лекување и превенција од ревматски болести. Особено е делотворен нејзиниот сок: Отсечете ги долните листови, исечкајте ги на коцки, излпете ја кожата, ставете го гелот во малку вода, па наутро испијте по 4 лажички.
Медуника (Pulmonaria officinalis L.) е билка која ги смирува болките и воспалителните процеси, а покрај тоа е диуретик и го ослободува организмот од токсини.
Коњското опавче (Equisetum arvense L.) има реминерализирачко дејство, богато е особено со силициум и ја подобрува еластичноста на зглобовите.
Копривата е полна со минерали, а може да се пие и (Urtica dioica L.) нејзиниот сок. За да се елимира уричната киселина кај оние што јадат месо, се препорачува да пијат сок од бреза, особено на преминот на годишните времиња.
Рузмаринот и зелениот чај се добри чистачи на организмот, а помагаат и во уништувањето на слободните радикали.
Се препорачува и редовно движење, бидејќи спречува дебелеење, срцето се навикнува на напор и се зголемува вталниот капацитет на белите дробови.
Добро делува бањањето во морска вода поради богатството на олигоелемнтите кои продираат во организмот и придонесуваат за еластичност на зглобовите.
РЕЦЕПТИ
Потребни состојки:
30 г бела врба
30 г корен од магдонос
30 г лист од коприва
10 г пупки од брези
! лажица од мешавината се попарува со 200 мл зовриена вода и се остава поклопено 10 минути. Се процедува и се пие топло.
ПРИ ВОСПАЛЕНИЕ
30 г артичока
1 литар вода
Потопете ја артичоката и загрејте ја водата до вриење, па веднаш тргнете од оган и оставете поклопено еден час. Се пие по неколку лажици пред оброк, 3 пати дневно. Оваа количина едоволна за две седмици.
ПРИ БОЛКИ
Во литарско шише ставете 5 лажици дробен цвет од див костен и цвет од син јоргован, па долијте со комова ракија, затворете и оставете на топло 20 дена со често протресување. Процедете и мачкајте ги заболените зглобови 3 пати дневно по 10-15 минути се додека да почувствувате пецкање, а потоа исплакнете со млака вода, истријте со винска киселина и завиткајте со волнена ткаенина. Терапијата трае 10 дена.
ЗА ПОСИЛНИ КОСКИ
Во 2 литри комова ракија ставете 600 г суви и иситнети плодови шипка со семе и 170 г жолт шеќер. Оставете да стои 15 дена, потоа процедете, додадете малку вода, па пијте пред спиење по 1 ракиена чашка.
ЧАЕВИ ЗА РЕВМАТИЗАМ
ПЧЕНКАРНА СВИЛА: Само се попарува и не се засладува, помага за излачување на урината.
ОВЕС: 100 г овес или овесна слама се попарува со еден литар зовриена вода, се остава неколку минути и се пие двапати на ден. Зрната што остануваат се користат како облога.
КОРА ОД ЈАБОЛКО: пет лажици суви кори од непрскано јаболко се попаруваат со литар зовриена вода. Се остава 10 минути. Се пијат 4 шолји на дено.
ЖАЛФИЈА: 2 лажици од билката се попаруваат со 500 мл зовриена вода. После 10 минути се процедува и се пијат 3 шолји на ден.
ЧИЧОК: 6 лажици сув корен се вари 5 минути во литар вода. После 10 минути се процедува и се пие во текот на денот. Може да се заслади со мед.
ЦРНА РИБИЗЛА: 3 лажици свежи листови се попаруваат со литар зовриена вода. После 5 минути се процедува. Се пијат по 3 шолји на ден: првата наутро на гладно, а последната пред спиење, секогаш на голтки.
КРУША: 5 лажици млади листови се попаруваат со литар зовриена вода, се остава да отстои 10 минути и во текот на денот се пие во голтки.
МАСАЖА
Пред спиење масирајте се со некој од наведените препарати:
-Тинктура од див костен
-Тинктура од рен
-маслиново масло (4 седмици, секојдневно се масираат, а потоа трипати седмично)
-масло од камилица
-масло од мајчина душичка
РЕЦЕПТ 1
Во една голема стаклена тегла ставете по 5 лажици лист и цвет од кантарион и лист од рузмарин, па сето прелијте го со еден литар комова или сливова ракија.
Теглата добро затворете ја и оставете ја на топло место 20 денови, а повеќе пати дневно протресувајте ја.
Процедете и масирајте ги болните места трипати дневно по 10 минути. Потоа исплакнете со млака вода и намачкајте со маслиново масло. Терапијата трае 6 дена.
РЕЦЕПТ 2
КАНТАРИОН И РУЗМАРИН
Во еден литар маслиново масло ставете 100 г сув лист и цвет од кантарион и 50 г лист од рузмарин, затворете и оставете 30 дена на сонце, со повремено протресување. Маслото се процедува и се користи за масирање на заболените места.