Home зимница Пеглани пиперки за зимница! Приготвени на овој начин, пиперката останува цврста и...

Пеглани пиперки за зимница! Приготвени на овој начин, пиперката останува цврста и многу вкусна

Во рецептот се спомнуваат мерки во шолја и шолјичка. Една шолја е од 200 мл, а една шолјичка е од 100 мл. Рецептот е многу едноставен, а пиперките приготвени на овој начин излегуваат премну вкусни. Сите ќе ви го бараат рецептот.

Потребни состојки: 5 кг црвени меснати пиперки 5 шолјички масло, 2 шолјички сол, 2 шолјички шеќер, 1 шолја есенција, 2-3 главици лук, ½ кесичка црн пипер во зрно и по желба некоја лута пиперка.

Постапка: Пиперките добро измијте ги, извадете им ги дршките и семето, па редете ги по ширина во еден поголем сад.

Секој ред наросувајте го со сол, шеќер, есенција и масло и така оставете ги поклопени да отстојат неколку часови. Ако ги исечете на долги парчиња – филети, ќе им биде потребно помалку време за саламурење.

Повремено пиперките добро промешувајте ги за да може декоја пиперка рамномерно да биде опфатена од оваа мешавина.

<

Пиперките или филетите редете ги во добро измиени и стерилизирани тегли, а помеѓу редете бел лук и лист од целер, по желба.

Наполнетите тегли дополнете ги со течноста која ја испуштиле пиперките и добро затворете ги со оригинални капаци, па наредете ги со останатата зимница.

Коментар на Сузана Коцевска: “Филот се става во самата пиперка, се реди во тенџере и со друго тенџере одозгора се притиска и се остава еден ден. Следниот ден се собира во тегли и се притискаат, помеѓу се става магдонос, лук и на лреј се прелива течноста. прекрасни се.”

Коментар на Зорица Стефанова:”Најдобри и испробани за 5 кг зеленчук: 1 литар бел оцет, 400 г шеќер, 100 г сол, 120 мл масло – се става да зоврие, па во него се пропуштаат пиперките претходно исчистен од семето, колку да смени боја, па се реди во тегла. Се додава лук и магдонос по желба и салицил, одозгора се полева со врелиот прелив и се затвора. Во него може да се додава и модар патлињан исечен по должина. Наздравје, ги правиме веќе 50 години”.

Коментар на Sanela Turkovic Tutic: “Јас ги ставам на друг начин, ги чистам од семе и дршка, па секоја пиперка ја подмастувам и ги редам во тепсија и во рерна малку да се загреат. На страна во тенџере ставам оцет, масло, сол и шеќер да изврие, па после во тегли врели ги редам и ставам магдонос, лук од сè по малку и водата со оцетот и стака до крај ги полнам и ги затворам екстра се тврди, крцкави пиперките и долго можат да стојат”.