Фотографија и рецепт на Селма Мемиќ
Потребни состојки: 500 г тенки кори за баклава, 5 јајца, 2 шолји шеќер (може и помалку), 1 шолја масло, 1 шолја јогурт, 200 г кокосово брашно и 1 прашок за печиво. За прелив: 4 шолји шеќер, 5 шолји вода, 1 ванилин шеќер. Се мери со една шолја од 250 мл
Постапка: Изматете ги убаво јајцата со шеќерот, па додадете масло, јогурт и кокосово брашно измешано со прашок за печиво. На дното од намастен плех ставете две кори, па премачкајте со филот. Повторно ставете две кори, па премачкајте со фил и продолжете по тој редослед додека да се потрошат состојките.
На крај се ставаат три кори без фил, се сече баклавата на ромбови и одозгора се премачкува со масло. Се пече на 200 степени додека да зарумени, околу 40 минути. Додека се пече баклавата се приготвува сирупот.
Се става на оган водата со шеќерот да зоврие, па се вари на тивко 10-тина минути. Пред крај се додава ванилин шеќер. Печената баклава малку се остава да излади па се прелива со врел сируп. Се остава да впие, па добро се изладува во фрижидер пред послужување.
Ако претходно го направите сирупот, тогаш врелата баклава се прелива со ладен сируп. Јас ја приготвувам на првиот начин топла баклава со врел шербет. / Фотографија и рецепт на Селма Мемиќ