Фото и рецепт: Славица Поповиќ

Најубавото слатко од зрели смокви. Барем мене ми е омилено…

Потребни состојки:

1 кг шеќер

1 кг смокви

200-300 мл вода

1 лимон

1 стапче од ванила (не мора)

Постапка:

Еден килограм смокви ги лупам и ги ставам во вода во која сум ставила кесичка винобран за да не поцрнат. Ова не е задолжително, кој сака може да го скокне овој чекор.

Слатко од смокви (Фото и рецепт: Славица Поповиќ)

За тоа време зовривам еден килограм шеќер со чаша вода додека да се растопи и зоврие. Кога шербетот е готов, ги мијам и ги цедам смоквите, па ги ставам во шербетот и ги варам некаде околу 10 минути, па го додавам стапчето од ванила.

Потоа се продолжува со варење, некаде уште 20-тина минути, додека да постигне сирупот густина на мед. За време на варењето тргајте ја пената. Пред крајот додавам еден лимонтус или лимон.

Врелото слатко се складира во врели чисти тегли и се затвора. Во слаткото можете да додадете ореви и тркалца од лимон.

Слатко од смокви (Фото и рецепт: Славица Поповиќ)

Слатко од смокви (Фото и рецепт: Славица Поповиќ)