Тартар сосот е еден од најбараните сосови. Се користи во многу комбинации, но убедливо најубав вкус му дава на прженото и похуваното пилешко месо. Количините за тартар сосот може да се зголемат за да си имате и за следниот ден, ако остане.

Потребни состојки: 200 г мајонез, 2 големи лажици павлака, 5 кисели краставички, 2 чешниња лук, 1 лажица магдонос, 1 лажица копар, 1 лажичка сенф, сол, црн пипер. Постапка: Краставичките изрендајте ги на најситниот дел од рендето.

Во еден сад додадете ги мајонезот, павлаката, ренданите краставички, сечканиот копар и магдонос, ситно исечканото лукче (ако немате преса за лук, може да го истолчите) и зачинете со сол и црн пипер по вкус.

Убаво промешајте додека сите состојки да се соединат. Деталите можете да ги погледнете во видеото: