Ова е италијанска шарлотка. Колачот е едноставен за приготвување и многу е вкусен.
Потребни состојки:
180 г пченично брашно
4-5 јаболка
130 г шеќер
50 г путер
½ прашок за печиво
2 жолчки
130 мл млеко
1 прстофат сол
Постапка:
-Жолчките се матат со шеќерот додека тој да се растопи и смесата да стане светла и пенаста.
-Путерот растопете го во микробранова печка (или на пареа) и половината од целата количина се додава во изматените жолчки. Се додава млеко и се меша.
-Се додава прстофат сол, просеано брашно и прашок за печиво. Сето добро го промешуваме.
-Калапот се обложува со хартија за печење па се излева смесата.
-Излупените јаболка ги сечеме на парчиња.
-Ги редиме врз смесата вертикално. Колку повеќе јаболка, толку колачот ќе биде повкусен.
-Одозгора прелеваме со преостанатата половина од растопениот путер и поросуваме со 3 лажици шеќер.
-Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 30-35 минути (или додека да порумени).