Многу меки колачиња со мраморен изглед, ќе ви се допаднат, многу се вкусни!

Потребни состојки: 250 г путер или маргарин, 130 г шеќер во прав, 1 ванилин шеќер, 1 јајце, 500 г брашно, 1 прашок за печиво и 2 лажици какао

Постапка: Изматете го омекнатиот путер заедно со шеќерот во прав и ванилин шеќерот. Кога ќе добиете кремаста смеса, додадете го и јајцето. Потоа постепено додавајте го брашното помешано со прашокот за печиво.

Ќе добиете многу фино, средно меко тесто кое лесно се обликува. Тестото поделете го на два дела. Во едниот дел додадете две лажици како и добро замесете го за да се изедначи и да стане кафеаво.

Двете теста развлечете ги во правоаголник. Темната кора ставете ја врз белата кора и свиткајте во ролат. Од ролатот сечете тенки парчиња. Секое парче со рацете формирајте го во топче и на тој начин ќе добиете мраморен ефект.

Колачињата редете ги во плех обложен со хартија за печење и ставете ги во загреана рерна на 160 степени. Печете ги 20 минути.