Фото и рецепт: Гордана Марковиќ

Потребни состојки:

250 г мелени бисквити
150 г шеќер во прав
100 г путер или маргарин
2 лажици какао
малку арома од рум
100-150 мл некој сок, било кој

за глазура:

100 г чоколадо
2 лажици масло

Постапка:

Сите состојки ставете ги во еден подлабок сад и измешајте ги додека да се соединат во хомогена смеса. Сокот се става последен и постепено се додава додека се меша. Треба да се добие убава хомогена смеса која не се лепи на раце.

Мињони (Фото и рецепт: Гордана Марковиќ)

Добиената смеса оставете ја во фрижидер најмалку половина час да се стегне убаво. Потоа од неа вадете и формирајте топчиња. Најубаво е да ги мерите на кујнска вага за да ви бидат исти.

Топчињата треба да тежат приближно 20 грама. Со раката врз работната површина формирајте мали конусни капи. Растопете 100 г чоколадо, додадете 2 лажици масло, добро промешајте и натопувајте ги врвовите во глазурата. Украсете со готови цветчиња кои можете да ги купите во поголемите маркети.

Мињони (Фото и рецепт: Гордана Марковиќ)

Од истата смеса можете да правите и обични бомбици и да ги валкате во мелени бисквити, кокос, чоколадни трошки, мелени ореви или било што по ваш вкус, а можете да ги оставите и така, превкусни се.

Мињони (Фото и рецепт: Гордана Марковиќ)

Мињони (Фото и рецепт: Гордана Марковиќ)