Фотографија и рецепт на Ивана Динуловиќ. Потребни состојки: 3 јајца, 2 чаши шеќер, 1 чаша јогурт, 1 чаша презли (лебни трошки), 1 чаша гриз, 1 чаша масло, 1 прашок за печиво и 500 г тенки кори. За фил, сите состојки се мешаат: 350 г мак, 200 мл врело млеко и 4 лажици шеќер

За сируп, состојките да проварат: 2 чаши шеќер, 3 чаши вода, 2 ванилин шеќер и 1 лимон исечен на тркалца. За мерење се користи чаша од јогурт 180 мл или од 200 мл, ама да не е преполна (погледнете видео).

Постапка: Јајцата се матат со жица, па се додава шеќерот, се мати додека да се растопи, а потоа се додава маслото и јогуртот, лебните трошки, гризот и прашокот за печиво. Ставете една кора, намастете ја со масло, па ставете втора кора, па нанесете 5-6 кутлачи прелици премачкајте со четка преку целата површина.

Па третата кора исто премачкајте ја со преливот, а на четврта кора нанесете фил од мак, исто така преку целата површина. Лабаво свиткајте во ролат и редете во намастен плех. Оставете да отстои 10 минути, додека се загрева рерната на 200 степени. Се пече додека убаво да зарумени.

Преку врелата штрудла се полева врел сируп. Се остава да впие, па кога ќе излади се сече и послужува. Многу е поубава следниот ден кога убаво ќе впие.

Значи, помеѓу двете кори се прска масло, на втората кора се мачка прелив, на третата повторно прелив и на четвртата фил од мак. Целата постапка погледнете ја во видеото: