Мали ситни солени погачи, едноставни и брзи за правење, а уште побрзи за јадење

Фото и рецепт: Гордана Марковиќ

Потребни состојки:

250 г брашно
250 г меко сирење
250 г путер/маргарин
1 лажичка сол доколку не е солено сирењето
1 прстофат сол

за премачкување:

1 јајце
сусам за наросување

Постапка:

Loading...

Сирењето и путерот соединете ги убаво, па додадете го брашното, прстофат прашок за печење и сол по потреба доколку сирењето не е солено.

Добиеното тесто завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го неколку часови во фрижидер да излади, а најдобро преку цела ноќ, па следниот ден да го правите погачиците.

Солени погачици (Фото и рецепт: Гордана Марковиќ)

Од тестото развлечете кора со дебелина од околу 1 см или помалку, па со мала чаша или модла вадете ги погачиците. Редете ги во плех обложен со хартија, премачкајте ги одозгора со јајце и наросете ги со сусам.

Печете ги на 180 степени додека да заруменат!

Коментар на Лидија Мострова: 

“Јас ги правам 30 години, но покрај наведените состојки ставам и едно јајце и еден прашок за печиво. Тестото го оставам да отстои еден час во фрижидер, а потоа ги печам малку да заруменат, преубави се како мезе со пивце.”

Солени погачици (Фото и рецепт: Гордана Марковиќ)

Солени погачици (Фото и рецепт: Гордана Марковиќ)

Loading...