Фото и рецепт: Адријана Николиќ

Рецептот кој ми го покажа мојата свекрва која е од Македонија, е навистина одлична летна салата од модар патлиџан, пиперки ајварки и лук, а на крај се прелива со загреано масло и тоа е тоа.

Пробајте и нема да се покаете, овој пинџур е врвна салата од Балканот.

Потребни состојки:

3 црвени пиперки
1 модар патлиџан
6 чешниња лук
масло
сол

Постапка:

Модриот патлиџан измијте го и пресечете го на половина, па така исшечете го, а исто така и црвените пиперки испечете ги во плех од рерна.

Пиперките излупете ги од лушпата и семките, а истото направете го и со модриот патлиџан (со лажица извадете го “месото”.

Потоа ставете ги во супер сецко и иситнете ги.

Лукот истолчете го со малку сол, па додадете ги пиперките и модриот патлиџан па убаво промешајте. Посолете по вкус. Загрејте малку масло до пред вриење и полијте ја салатата одозгора. Промешајте и уживајте во нејзиниот вкус.

Целата постапка можете да ја погледнете во видеото: