Пантенолот е алкохол на протеинска киселина. Обилува со витамин Б5, па од тие причини го нарекуваат провитамин Б5. Најчесто се користи во козметиката и како таков може да се пронајде и како провитамин Б5, бепатен, пантотенол, дексапантенол, пантотени (bepathen, pantothenol, dexpanthenol, pantotheny).

Пантенолот во себе содржи пантотенска киселина која е една од најважните состојки на коензимот А, кој е главен за метаболизмот на клетките.

Поради своите поволни особености пантенолот може да се најде во речиси сите козметички препарати. Честа состојка е во шампоните и балсамите за коса, како и во многу производи за нега на кожа, бидејќи делува хидрирачки на човековата кожа.

Исто така, се наоѓа во фарбите за коса, во производите за чистење на лицето, во геловите. Ова е едно несекојдневно соединение кое е целосно безбедно за луѓето и околината.

ЗДРАВА КОСА И ПАНТЕНОЛ

Декспантенолот кој се наоѓа во составот на пантенолот, во човековиот организам се трансформира во пантотенска киселина.

Многу е погоден за слузокожата и кожата на главата, а со самото тоа го јакне коренот и го забрзува растот на косата.

Пантенолот ја стимулира делбата на клетките од епидермисот и ја потпомага природната регенерација на кожата.

РАСТВОР ОД ПАНТЕНОЛ купен од аптека

Растворот од пантенол дава оптимална влажност на кожата и ја обновува природната рН. Делува антиинфламаторно и смирувачки врз кожата на главата.

Овој раствор можат да го користат сите без разлика на возраста и типот на кожата.

Кога станува збор за третман за оштетена коса, пантенолот е еден од најпознатите производи, бидејќи го враќа сјајот на косата, го обновува влакното, го забрзува растот и спречува цветање и понатамошно оштетување на козметички третираната коса.

Пантенолот може да се втрие навечер пред спиење во темето на главата со блага масажа, а може и да се испрска по целата должина на влакното.

Може да се забележат суви краеви, но без разлика на тоа, не е долгорочно туку моментно.

ПАНТЕНОЛ СО РИЦИНУСОВО МАСЛО

Пантенолот е одличен и во комбинација со други производи. Доколку сте во можност да го помешате со рицинусово масло – смесата дава одлични резултати. Најдобро е маслото и растворот да се остават да делуваат преку целата ноќ, колку подолго се остави, толку подобри резултати дава. Потребно е растворот соодветно да се чува. Повеќето луѓе мислат дека најдобро е да се складира во шише со распрскувач, но тоа е погрешно. Растворот треба да се чува во оригиналното стаклено шише.

Може помала количина да се чува во шише со распрскувач, но таа количина треба брзо да се потроши. После отворањето на шишето треба да се потроши за 30 дена.

РЕЦЕПТ ЗА ЛЕКОВИТ ШАМПОН ЗА КОСА

Освен ваквиот начин за примена на пантенолот, може да се направи и многу ефикасен шампон за коса и тоа на следниот начин.

Потребни состојки:

500 мл Косили шампон
100 мл пантенол раствор
20 капки рицинусово масло
20 капки бистри АД капки

Постапка:

Сите состојки соединете ги и така добиената смеса чувајте ја во шише. Пред миење на косата со овој шампон, потребно е добро да се протресе шишето.

Се препорачува косата да се мие со овој шампон три месеци, па да се направи пауза од еден месец. Ова е проверен рецепт за оштетена коса со кој се враќа здравјето и убавината на косата и темето на главата.

МАСКА ЗА КОСА

Може исто така да се направи маска за коса која ќе содржи пантенол.

Потребни состојки:

1 жолчка
1 лажица рицинусово масло
50 мл раствор пантенол
неколку капки етерично масло од коприва

Постапка:

Од состојките изматете хомогена смеса која е потребно да се нанесе на косата, да се завитка со најлон кеса и пешкир и да се остави да делува околу два часа. Потоа се плакне со млака вода.

ПРОТИВ БРЧКИ НА ЛИЦЕТО И ОКОЛУ ОЧИТЕ

Повеќето жени мака мачат со брчките околу очи и усните. Тие уште се нарекуваат и траги на среќата, бидејќи значат доста смеа во животот на жената. Но, да бидеме искрени, повеќето жени со вакви брчки и не се најсреќни поради нив.

Потребни состојки:

Кокосово масло
Пантенол крем

Постапка:

Овие две состојки нема потреба да се мешаат бидејќи се нанесуваат одвоено. Најпрво од лицето се отстранува мејкапот и темелно се мие со млака вода, па со тапкање со мек пешкир се суши лицето.

На целото лице прво се нанесува кокосово масло, а потоа само на областа околу усните и очите се нанесува пантенол крем. Се остава да делува преку цела ноќ и наутро најнормално се продолжува со стандардната хигиена.

Кокосовото масло може да привлече и нечистотии од воздухот на лицето, па затоа овој третман е најдобро да се применува навечер, за подоцна да не се создадат проблеми со митесери и акни.

КРЕМ ПРОТИВ БРЧКИ

Со оглед на тоа колку жените водат сметка за својот изглед и брчките, приготвивме еден рецепт за крем против брчки кој може да се приготви дома.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 жолчка
2 лажички вазелин од аптека
1 лажичка мед
1 лажица маслиново масло
1 лажичка пантенол крем

Постапка:

Најпрво вазелинот се растопува на водена пареа, а потоа му се додаваат сите состојки. Жолчката треба претходно да биде сварена и изронета. Сите состојки добро се промешуваат додека да се соединат со постојано мешање.

Кога ќе се добие кремаста хомогена смеса, складирајте во соодветен сад во кој ќе се чува кремот.

Со лесни масирачки движења се нанесува на кожата од лицето и вратот. Многу е ефикасна за подмладување.

Многу важна работа која треба да се напомене е дека овој крем се впива во кожата подолго од еден час. Па затоа е најдобро да се нанесе два часа пред спиење. Кремот се чува во фрижидер.