Тортата ќе ве восхити! не е премногу комплицирана, прочитајте и ќе видите дека едноставно се приготвува, а добивате совршен вкус. Одлична за свечени пригоди.
Потребни состојки – за кора: 14 белки, 14 лажици шеќер, 18 лажици крупно мелен, пржен лешник, 2 лажици брашно. За фил 1: 14 жолчки, 200 г шеќер во прав, 200 г бело чоколадо (произведувач по ваш вкус), 200 г Милка чоколадо со крупни (цели) лешници, 200 г бело Милка чоколадо, 50 г чоколадо и 250 г путер/маргарин
За фил 2: 200 г шлаг, 100 г пржени мелени лешници. За глазура: 100 г чоколадо и 50 мл масло
Постапка: За кора: Изматете 7 белки, постепено додека матите додавајте 7 лажици шеќер. Со миксерот матете додека да добиете цврст нег. Потоа со лажица додавајте лешници и брашно и полека рачно промешајте за да остане смесата воздушеста. Печете 15-20 минути на 180 степени. Испечете две вакви кори.
За фил: 14 жолчки изматете 200 г шеќер и ставете ги на пареа додека ги матите за да се зготват. Додадете 200 г бело чоколадо и 100 г бело Милка чоколадо. Кога е готов филот се остава да излади, па му се додава путер и се микса за да се соедини во кремот.
Филот се дели на два дела. Во првиот дел де додава сечкано бело Милка чоколадо, а во вториот дел се додава растопено црно чоколадо и 200 г растопено Милка чоколадо со крупни лешници.
Изматете го шлагот со млеко, да биде малку поцврст од обично, па додадете лешници. Чоколадото растопете го со маслото. Редење: кора – црн фил –шлаг – кора – жолт фил – шлаг – глазура. Тортата украсете ја со шлаг од страните.