Иако Бразил сите нас не асоцира на егзотичност, сонце и задоволство, сепак реалноста таму е малку поинаква.
Бразил е претежно тропска земја позната по своите големи амазонски низини. Има влажна тропска и суптропска клима, освен во сувите подрачја на североисток. Во текот на годината има обемни дождови, па така, настинките и гриповите не се непознатица за бразилскиот народ.
Еден од традиционалните народни лекови со кои ги лекуваат ваквите настинки е следниот:
Потребни состојки:
½ јаболко (рендано)
½ главица кромид (рендано)
1 лажица мед
Состојките се мешаат и се јадат или пак се процедуваат и се пие во вид на напиток. Комбинацијата е интересна а состојките одлично се надополнуваат една со друга. Овој лек е ефикасен и како превенција од многу други болести поврзани со крвотокот и белите дробови.