Дегенерацијата на еден или повеќе интервертебрални дискови на ’рбетот се нарекува дископатија, состојба која може да биде болна и да влијае врз квалитетот на животот.
Оваа болест обично се поврзува со стареењето, но кај некои луѓе може да предизвика сериозни хронични болки доколку не се лекува навремено.
СИМПТОМИ:
-хронична болка во долниот дел на грбот која се шири на колковите,
-болка во задникот и бутовите по подолго пешачење,
-пецкање и слабост во колената, рацете и прстите,
-хронична болка во вратот со болка во главата, рамената и рацете
НАРОДЕН ЛЕК ЗА ДИСКОПАТИЈА
Облога со глина
1.Едно парче глина (хума) од аптека, се чува изложена на сонце 3 дена. Потоа се крши, раздробува и толчи (со толчник) додека да се добие прав. Од глината се замесува тесто со дестилирана вода.
Добиеното тесто се притиска со дланката за да се добие облогата во вид на палачинка.
Се става на болното место и се фиксира со завој. Облогата се користи двапати на ден, еднаш наутро и втор пат навечер, а се остава да делува 3-4 часа.
Облога со кромид и сода бикарбона
2.Потребни состојки:
3 главици лук
1 лажица сода бикарбона
1 лажица чист алкохол од аптека
1 лажица масло
Подготовка:
Сите состојки се мешаат а добиената смеса се става на газа, па како облога се нанесува на болното место.
Претходно кожата на болното место треба да се измачка со свинска маст. Се остава да отстои неколку часа или да преноќи. Следниот ден се подготвува нова облога. Терапијата трае три дена.
Лек за ишијас и болки во зглобовите
Авторот на книгата „Да се живее без болести“, германецот Ернст Гунтер, своевремено објави еден интересен рецепт за лекување на артритис, гихт, ишијас, реума и останати воспалителни состојби на зглобовите, колковите, прстите на раце и нозе, коленици и шилец во пета.
Лекот се состои во вид на облога која се нанесува на болното место и која делува директно на местото каде се манифестирал проблемот.
Облогата се прави на следниот начин:
Потребни состојки: компир, црвен кромид и ленено семе.
Начин на подготовка: Потопете една полна супена лажица со ленено семе во 200-300 мл вода и варете 10-тина минути.
Истовремено, добро измијте еден среден компир и изрендајте го заедно со кората. Изрендајте и средна главица црвен кромид. Кога водата со лененото семе ќе биде изладена, додајте ги кромидот и компирот и сето добро измешајте го.
Исцедете ја вишокот течност од смесата.
Доколку станува збор за проблем со прстите на рацете или нозете, односно шилец на петата, ставете ја смесата во некои стари ракавици или чорапи, па обујте ги а преку нив фиксирајте најлон кеса.
На другите делови од телото, како што се колкови, кичма, ребра, коленици и слично, смесата најпрво нанесете ја на газа, па облогата ставете ја на болното место. Фиксирајте со завој или проѕирна фолија.
Облозите треба да отстојат преку ноќта, а наутро да се фрлат. Болните места треба да се исплакнат со вода и сапун.
Доколку имате чувствителна кожа, а од облогата ви се појави иритација и црвенило, тогаш пред нанесување намачкајте го заболеното место со некој мрсен крем или маслиново масло.
Истовремено со облозите потребно е орално да се консумира рибино масло кое ќе делува одвнатре. Процедурата се повторува се додека смесата не го „извлече“ заболувањето од телото.
Тегобите во грбот се најчестите телесни болки кај возрасните
СИМПТОМИ:
-Долготрајни болки или вкочанетост во кој било дел на ’рбетот, од коренот на вратот до колковите
-остра, локализирана болка во вратот, горниот дел на грбот или крстот, особено по подигањето тешки предмети или некоја напорна активност
-хронична болка во средниот дел на грбот или на крстот, особено по подолго седење или стоење
ОБРАТЕТЕ СЕ НА ЛЕКАР:
-ако чувствувате немоќ, трпнење или губење контрола во рацете и нозете; можеби сте го повредиле ’рбетниот мозок
-ако болките од грбот се шират надолу по должината на задната страна на ногата, можеби страдате од ишијас
-ако болките се засилуваат кога кашлате или се свиткувате нанапред, тоа може да е знак за дископатија
-ако болките се придружени со покачена температура; може да имате бактериска инфекција
-ако чувствувате тапа болка во еден дел на грбот кога легнувате или станувате од кревет, особено ако сте на возраст над 50 години можеби имате остеоартритис.
ТЕГОБИТЕ во грбот се меѓу најчестите телесни тегоби кај возрасните лица. Неодредените болки во грбот се основна причина за изгубеното работно време, а да не зборуваме за времето и парите кои се трошат во потрага по лек. А сето тоа поради една особина која не’ прави различни од другите животни- нашето исправено движење.
‘Рбетниот столб е извонреден механизам кој ја обезбедува стабилноста потребна за да застанеме исправено и растегливоста потребна за активно движење.
‘Рбетот, всушност, е вертикална низа од 24 одделни коски, наречени прешлени. Здравиот ’рбет има облик на буквата Ѕ кога се гледа отстрана и се свиткува наназад накај рамената, а кон внатрешната страна кај вратот и ’рбетот.
Освен што е главен дел од структурата на организмот, во него е сместен и ’рбетниот мозок- сложена сензорска мрежа која се протега низ прешлените за да го пренесува чувството за движење и да ги контролира движењата на целото тело.
Основна причина поради која луѓето денес страдаат од тегоби во грбот е таа што се’ повеќе се противиме на нашето еволуциско наследство и што стануваме суштества кои седат.
Исправената положба е наменета за одење и во поголем дел од историјата на луѓето го правеле токму тоа.
Дури во минатиот век, со појавата на моторните возила, повеќето луѓе се преместуваат од место до место седејќи. На ист начин се менуваат и нашите работни навики.
Повеќето наши предци работеле стоејќи-ловеле, собирале, работеле в поле или покрај работната маса. Денес голем број луѓе минува дел од својот работен ден седејќи зад бирото, на работните места или во автомобилите и камионите.
Овие промени во човековото однесување извршиле големо и негативно влијание врз човечката физиологија.
Луѓето кои многу одат или извршуваат физичка работа развиваат добар мускулен тонус во грбот и нозете.
Луѓето кои седат поголем дел од денот, го губат тој тонус на мускулите и нивниот грб е првото место на кое тоа ќе се забележи.
За да се надополни изгубеното, многу од нас се свртуваат кон телесни вежби: на некој инстиктивен начин го слушаме нашиот организам како ги бара старите навики кои барале поголема активност.
Ако сте здрава, активна возрасна личност и вашите вообичаени активности ве држат во движење, може нема да ви треба посебна програма за вежби, ако на работното место седите или не сте вклучиле неколку часа одење или други телесни активности во својот неделен распоред, би морале редовно да вежбате со цел да ги јакнете грбните мускули.
КАДЕ БОЛИ:
-Болката од остеоартритис се наоѓа во вратните прешлени
-Грбните мускули ги зафаќа фиброзитис
-Болките во слабините укажуваат на бубрежна инфекција
-Оштетувањето на дисковите, зглобовите, лигаментите или мускулите на ’рбетот се причина за болки во крстот
-повредите предизвикуваат болки во тртната коска
-болката во задникот-ногата може да биде ишијас.