Home Рецепти БРЗ ЛЕТЕН КОЛАЧ СО ГРИЗ БЕЗ ПЕЧЕЊЕ

БРЗ ЛЕТЕН КОЛАЧ СО ГРИЗ БЕЗ ПЕЧЕЊЕ

Целиот колач е кремаст, едноставно се топи во уста, прекрасно освежување…

Потребни состојки:

250 г бисквити за подлога

за бел фил:

1 литар млеко
5 големи лажици шеќер
7 до врв полни лажици гриз
2 ванилин шеќер бурбон
4 белки

За жолт фил:

1 литар млеко
2 пудинг од ванила
6 големи лажици шеќер
4 жолчки
500 мл слатка павлака за шлаг или 3 шлаг пени изматени со вода

Постапка:

Во тепсија со величина од околу 35х20 см наредете бисквити како подлога. Од величината на тепсијата зависи и бројот на бисквити, па доколку се одлучите за поголема тепсија, онаа од рерната, ќе ви бидат потребни повеќе бисквити, а колачот ќе биде потенок.

Во литар млеко сварете го гризот со 3 лажици шеќер. На страна изматете цврст снег од белки и 2 лажици шеќер, па додадете го со матење во врелиот гриз. Кремот од гриз излејте го врз бисквитите.

<

Во вториот литар млеко сварете го пудингот кој преходно сте го изматиле со малку млеко, шеќер и жолчки. Врелиот пудинг излејте го врз гризот.

Кога ќе излади премачкајте со шлаг по ваш избор. Одозгора декорирајте со рендано чоколадо или шарени трошки. Изладете во замрзнувач пред послужување, а за секојдневна употреба не мора да го украсувате колачот. Превкусен е!