На повеќето пегли со текот на времето се создаваат наслаги и талог од бигор. Тоа секако го отежнува пеглањето, па затоа е важно правилно да го исчистите дното на пеглата.

Пред да започнете со чистење на пеглата на овој начин, пригответе сад отпорен на топлина (тепсија, огноотпорна чинија, тенџере..) ко кој ќе може да се смести пеглата.

Исто така, ќе ви бидат потребни две дрвени стапчиња на кои ќе ја ставите пеглата, така што меѓу пеглата и дното на садот ќе има растојание од околу 1 см. На овој начин е најлесно да се исчисти пеглата.

Потоа направете го следното:

Земете го огноотпорниот сад и на неговото дно ставете ги дрвените стапчиња. Врз нив ставете ја пеглата. Во садот ставете лимонтус (лимонска киселина) и полека додадете зовриена вода.

Потребната количина на вода и лимонтус зависи од величината на садот, треба да се во однос: 1 кафена лажичка лимонтус на 200 мл вода.

Водата треба да ја прекрива грејната плоча на пеглата на 1-1,5 см. Сите гумени и електрични делови треба да се наоѓаат над водата и пеглата, секако, треба да биде исклучена.

Вака оставете да отстои 5-10 минути. Потоа садот ставете го на умерен оган. Кога водата во садот ќе зоврие, оставете да врие уште 10-15 минути.

Ќе видите што се’ ќе излезе од вашата пегла. Потоа пеглата добро изплакнете ја и исчистете ја (ако постои опција за самочистење) и однадвор и одвнатре. Пребришете со мека ткаенина и оставете ја да отстои неколку часови.

После овој третмано можете повторно да ја користете.