Фото и рецепт: Анета Ане. Потребни состојки: 4 пудинг од ванила, 400 г кршени бисквити (пишкоти), 2 пакетчиња ресани, 200 г желе бонбони, 5 крем банани, 4 банани, 2 шлаг пена, 250 г путер/маргарин, 250 г шеќер во прав, 1 литар млеко и 12 лажици шеќер
Постапка: Пудинзите се варат во млекото со 12 лажици шеќер. Сварениот крем се остава да излади, па се меша со пенасто изматен путер и шеќер во прав.
Во добиената смеса се кршат пишкотите, се додаваат ресаните исечени на четвртинки, сечкани желе бонбони и крем банани.
Се меша убаво за да се изедначи смесата која потоа се дели на два еднакви дела. Првиот дел се реди во калап обложен со најлонска фолија (јас користев поголемо тенџере), а врз него се редат сечкани банани.
Врз бананите се истура вториот дел од филот и убаво се израмнува. Тортата се остава неколку часа во фрижидер убаво да се стегне, а може и во замрзнувач.
Откако ќе се стегне убаво тортата, ја префрламе во чинија за сервирање и укасуваме со изматена шлаг пена и уште еднаш се враќа во фрижидер околу половина час. Потоа се сече и се послужува. / Банана торта (Фото и рецепт: Анета Ане)
Рецептот на Violeta Kicovska за слична торта наречена ШНЕТ: “Јас правев денеска нешто слично.
Постапка: 250 г бисквити се дробат и сечкаат 2-3 банани во кругчиња. Се вари 1/2 литар млеко со 4 лажици шеќер и 2 ванили. Во сад се мешаат 4 жолчки, со 2 лажици густин и малку млеко. Се прави крем и уште топол се истура врз бисквитите и бананите.
Се меша убаво и се става смесата во голема чинија за сервирање. Се матат 4-те белки и се става шлагот одозгора. Може да се украси со рендано чоколадо или украсни трошки. На здравје!”