Фотографија и рецепт на Виолета Илиевска Како мерка се користи филџан за кафе.

Потребни состојки: 4 јајца, 4 филџани за кафе шеќер, 2,5 филџани масло, 2,5 филџани млеко, 1 прашок за печиво, 1 ванилин шеќер, 5 филџани брашно, 3 лажици какао; ореви и други јаткасти плодови, суво овошје по желба. За декорација: бело и црно чоколадо, чоколадни трошки

Постапка: јајцата се матат со шеќерот, се додаваат маслото и млекото, а потоа и сувите состојки.

Добиената смеса се дели на два дела: во едниот се додаваат 3 лажици какао и малку ореви.

Куглоф (Фото графија и рецепт на Виолета Илиевска)

Калапот за куглоф се намастува со путер, па во него прво се излева белата смеса, а потоа кафеавата смеса. Со дршката од дрвена лажица се шара и се става на печење во загреана рерна на 180 степени. Дали е печен се пробува со тенка игла за плетење.

Откако ќе се испече одозгора се прелива со црно а потоа и со бело топено чоколадо, па се наросува со чоколадни трошки или шарени, украсни трошки.

Куглоф (Фотографија и рецепт на Виолета Илиевска)