Чудо од две состојки: брза регенерација на црниот дроб и регулирање на столицата

Дигестивните проблеми се чести во последно време и може да предизвикаат разни болни тегоби. Често се среќаваат кај голем број луѓе, а се добиваат како последица од неправилна исхрана и стресен живот.

За среќа, постојат природни состојки кои во нормалната исхрана никогаш не би се сетиле да ги споите, а кои заедно во комбинација создаваат одличен и ефикасен лек за црниот дроб и дигестивниот систем воопшто. Станува збор за лимоновиот сок и лененото семе. Оваа комбинација прави чуда со дигестивниот тракт.

Што може да предизвика дигестивни проблеми: Конзумација на штетни прехранбени и рафинирани шеќери; премногу честа консумација на тестенини; антибиотици; некои лекови; прејадување; пушење; брзо јадење; зачинета храна.

Симптомите за дигестивни проблеми можат да бидат многу и различни. Едни од најчестите се оток, гасови, болки во стомакот и желудникот, цревата, киселини, дијареа, запек, повраќање, камења во жолчката.

Зошто да изберете лимонов сок и ленено семе против дигестивни проблеми? Комбинацијата од свеж лимонов сок и ленено семе е волшебна за стомачни и цревни проблеми. Лимонот е еден од најкорисните цитруси. Богат е со голем број витамини и позитивно влијае врз широк спектар болести, вклучувајќи дигестивни нарушувања.

Лимонот и лененото семе го забрзуваат прочистувањето на цревата и исфрлањето на токсините. Во семето на ленот се содржат многу големи количини корисни влакна кои придонесуваат за подобрување на метаболичките процеси и контрола на работата на цревата.

Лененото семе е еден од најдобрите растителни извори на омега-3 масни киселини. Тие имаат антиинфламаторни својства, исклучително важни за работата на цревата. Масните киселини ги намалуваат стомачните болки и грчеви при различни состојби. Еве како се приготвува напитокот:

Потребни состојки: ½ лимон – сок, 1 лажичка мелено ленено семе и 250 мл врела вода. Постапка: Прелијте го сокот од лимон во водата, која претходно сте ја загреале. Измешајте и додадете ленено семе. Испијте го пијалакот веднаш.

Овој напиток се пие секое утро пред појадок. Овие моќни состојки го регулираат гастроинтестиналниот тракт преку целиот ден.

Loading...