Ова е многу едноставен рецепт за мафини од само три состојки!
Не само што се приготвуваат експресно брзо, подготовката е многу лесна, туку и вкусот им е врвен и што е најважно – многу се здрави!
Потребни состојки:
Малини
2 банани
4 јајца
Постапка:
Изгмечете со виљушка две банани, а потоа во нив додадете и изматете 4 јајца.
Во намастени калапи за мафини или уште подобро, во силиконски калапи ставете по неколку малини, а потоа прелијте ги со смесата од банани и јајца. Не ги преполнувајте калапите.
Неколку пати плехот удрете го од маса за да излезе евентуалниот воздух.
Печете 12 минути на 190 степени. Потоа извадете ги од рерна и оставете ги мафините малку да изладат пред да ги извадите од калапите.