Многу вкусна зимница, секоја година ја правам по овој рецепт.
Потребни состојки:
3 кг пиперки
3 лажици сол
200 г шеќер
200 мл оцет
100 мл масло
1 лажица мелен црн пипер
1 конзерванс
Лук по желба
Постапка:
Пиперките измијте ги и исечете ги на ленти. Сите состојки соединете ги и ставете ги на оган. Кога ќе зоврие смесата, тогаш додадете ги и пиперките. Сето заедно оставете да се вари околу 30 минути.
Уште додека се топли, складирајте ги во затоплени и стерилизирани стаклени тегли, па затворете ги со капак исто како што постапувате и со друга зимница.
Секоја тегла завиткувајте ја во хартија или крпа и оставете така да излади до следниот ден.
Потоа можете зимницата да си ја наредите во шпајзот.