Повеќето луѓе ја приготвуваат пченката на вообичаен начин, што значи дека ја варат во вода од чешма. Ако сте љубител на пченката, тогаш сте на вистинското место!
Овој метод всушност е многу едноставен.
Упатство:
Ставете вода на оган да зоврие. Кога ќе почне да врие додајте малку млеко и путер. Дури потоа ставете ја пченката во побелената вода што врие.
Пченката приготвена на овој начин е многу вкусна, бидејќи зрната го апсорбираат млекото и путерот.
Она што овој метод го прави да биде супериорен е фактот дека овозможува да го прескокнете оној дел на размачкување на путерот врз топлата пченка, што понекогаш знае да биде неуредно : – )